ВМРО и Мицкоски официјално прогласуваат коалиција и со партијата Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, две партии тесно поврзани со Москва и разни проруски кругови, а познати по своите антиалбански позиции, велат од Европскиот фронт, предводен од ДУИ.

Во нивното соопштение се вели:

Мицкоски на митинг во Охрид побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, за, како што рече, да се тргне државата од рацете на Албанците. Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Северна Македонија со текот на времето го отвори патот за еднаквост, демократија и членство во големото европско семејство. ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Северна Македонија, нема да дозволат земјата да се врати назад кон меѓународна изолација, а тоа ќе биде запечатено на 24 април и 8 мај, кога др. Бујар Османи ќе биде избран за претседател, додека Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада.