Николоски продолжи и додаде дека завчера во Струмица имало огромна енергија и најави дека разликата во Струмица ќе е поголема.

„Завчера на 30ти имавме прекрасен митинг во Струмица, огромна енергија и еве да најавам оттука, во првиот круг разликата беше 2,800 гласа разлика, а во вториот круг и за претседателски и за парламентарни ќе е поголема од 2,800 гласа“, вели Николоски.

Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ очекува на парламентарните избори да е над 400,000 гласа и додаде дека Силјановска Давкова ќе оди над 450,000 гласа.

„Реално  е да се очекува да на парламентарните избори да сме над 400,000 гласа. Прво тоа ќе е резултат освоен од опозиција, второ од најтешка опозиција било која политичка структура што ја имало во државава и трето на различен попис. Ние до овој попис мислевме дека имаме два милиони и сто илјади жители, но овој попис ни покажа дека имаме еден милион и осумсто илјади жители“, истакна Николоски.

Николоски потенцираше дека гласачите кои гласале за дел кандидати за кои мислеле дека се опозициски сега се свестуваат дека се лажни опозициски кандидати и сега ќе гласаат за правиот опозициски кандидат тоа е Гордана Силјановска Давкова.