Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола започна итна постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на двајца европратеници, на барање на белгиските правосудни органи поради истрагата за голем корупциски скандал кој ја тресе политиката на Европската унија.Како што соопшти Европскиот парламент, претседателката Мецола побарала од сите служби и комисии да и дадат приоритет на оваа процедура, со цел таа да се заврши до 13 февруари. Прес-службата на Европскиот парламент не ги идентификува двајцата европратеници, но според двете лица кои се упатени во случајот и немаат дозвола јавно да зборуваат поради истрагата која е во тек, станува збор за Андреа Коцолино од Италија и Марк Тарабела од Белгија.

Advertisements

Прикажи повеќе