Маршал Гликман, извршен директор на Евролигата, во подкастот „Кросовер“, чиј автор е поранешниот американски кошаркар со литванско потекло, Џо Арлаукас, кој играше за Сакраменто Кингс, Реал Мадрид, Басконија, зборуваше за новите планови на Евролигата. Во моментов во Евролигата има 18 екипи, од кои 12 се постојани учесници, а треба да се има предвид дека е вклучена и ЦСКА Москва, екипа која е суспендирана поради војната во Украина.

Advertisements

Главната идеја е да се прошири конкуренцијата на 24 екипи, да се вклучи тим од Дубаи и да се поделат на Источна и Западна конференција. Во тој систем Србија би добила два клуба, во случај на завршување на војната би се вратиле руските клубови, а едно место би било резервирано за победникот на Еврокупот, како што е сега. Бројот на одиграни натпревари ќе остане на 34.

Шпанија и Франција би добиле уште едно место, а бидејќи Евролигата сака да влезе и на англискиот пазар, место во новиот систем би имало и за екипа од Лондон. Гликман и Арлаукас зборуваа за системот „salary cap“ кој ќе стигне до европската кошарка по моделот на НБА лигата, а секако ќе има и синдикат на играчи и некои други корисни работи.

Конференциите би изгледале вака:

Исток: Партизан, Црвена звезда, Фенербахче, Анадолу Ефес, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби, Дубаи, Жалгирис, ЦСКА, Зенит, Турк Телеком.

Запад: Барселона, Реал Мадрид, Басконија, Асвел, Баерн, Олимпија Милано, Алба, Париз, Лондон Лајонс, Виртус Болоња, Монако, Хувентуд.