Во 4. коло од СЕХА лигата Еурофарм Пелистер ја совлада Металопластика со 27:34 и со тоа ја завери третата победа во ова натпреварување.

Еурофарм Пелистер сега се наоѓа на второто место на табелата во групата А со 9 бодови, исто колку и Загрб, но хрватската екипа има натпревар помалку.

Битолчани следниот натпревар го играа во недела каде му гостуваат на скопски Бутел во домашното првенство.