Екипата на Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа против Татран Прешов во рамките од регионалната СЕХА лига. Тимот од Битола славеше со 28:16.
Елвир Граѓан со 7 и Јосип Периќ со шест голови го предводеа тимот до убедлива победа. Новиот голман Карим Хендави од Египет имаше 15 одбрани.
На спротивната страна Рабек со шест погодоци беше најефикасен, а пет постигна Пачеко.