Земјите-членки на Европската унија почнаа да подготвуваат процедури за нов трговски договор со Велика Британија на 1 јануари, доколку биде постигнат договор, соопштија денеска три дипломатски извори во европскиот блок.
За време на состанокот со Европската комисија, која преговара со Велика Британија во име на сите 27 земји-членки, на дипломатите во Брисел им беше речено да бидат подготвени за состанок утре, доколку биде постигнат договор.
„Се чини дека договорот е близу. Ќе биде објавен денеска или утре, нагласи дипломат на ЕУ, додавајќи дека Европскиот совет, што ги претставува земјите-членки во Брисел, почна со подготовки за да се овозможи таканаречена „привремена имплементација” – брза имплементација на договорот.