На Унгарија и се заканува загуба на повеќе од 13 милијарди евра од фондовите на Европската унија (ЕУ) по оценката на Европската комисија дека Будимпешта не ги спроведе ветените реформи за сузбивање на корупцијата на високо ниво и зајакнување на независноста на судството.

Advertisements

Владата на десничарскиот популист Виктор Орбан, која со години е во конфликт со Брисел поради обвинувања за пад на демократијата, би можела со тоа да ги изгуби многу потребните пари, додека се соочува со пад на вредноста на форинтата,пораст на инфлацијата и забавување на економскиот раст, пишуваат светските медиуми.

Европската комисија најверојатно ќе го одобри унгарскиот план за закрепнување по пандемијата следната недела за да ја задржи отворена можноста за добивање средства од ЕУ, но исплатите нема да бидат извршени додека Будимпешта не ги исполни сите договорени услови, соопшти Ројтерс, цитирајќи извори од Комисијата.

Прикажи повеќе