Ова денеска го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Advertisements

За време на нејзината посета на Кипар таа изјави дека Европската унија е едногласна во однос на прашањето за тој конфликт, кој трае со децении и претставува клучна пречка во амбициите на Турција за влез во европскиот блок, пренесува агенцијата АП.

„Сакам да повторам дека никогаш, никогаш нема да прифатиме решение за две држави. Ние сме решени во тоа и сме многу обединети“, рекла фон дер Лајен.

Поделбата во Кипар се случи во 1974 година, кога Турција влезе на северниот дел на островот, а само Анкара го признава тој дел на Кипар како посебна држава.

Прикажи повеќе