Европската унија формално ја потврди одлуката за воведување ограничувања на цената на нафтата што се транспортира по морски пат од Русија, соопшти денеска Чешката Република, која претседава со ЕУ.

Advertisements

„АМБАСАДОРИТЕ ШТОТУКУ ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА ШТО СЕ ТРАНСПОРТИРА ПО МОРСКИ ПАТ“, СООПШТИ ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА, ПРЕНЕСЕ РОЈТЕРС.

Следува писмена постапка, а одлуката ќе стапи во сила по објавувањето во Службен весник, соопштија од Чешка.

Полскиот амбасадор во ЕУ, Анджеј Садош, претходно изјави дека Полска се согласила со договорот на ЕУ за ограничување на цената на руската нафта што се транспортира по море на 60 долари за барел.

Варшава инсистираше цената да биде под пазарната, со цел да се ограничат приходите на Москва за финансирање на војната во Украина.

Ограничувањето на цената на нафтата, идеја што потекнува од групата Г7, има за цел да го намали приходот на Русија од продажбата на нафта, но и да спречи скок на глобалните цени на нафтата по ембаргото на ЕУ за руските енергетски испораки што ќе стапи на сила на 5 декември.

Садос рече дека ЕУ сега може да започне писмена процедура за сите 27 членки на ЕУ официјално да го одобрат договорот и да го објават во недела, ден пред да стапи на сила ембаргото.