Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека Заедницата на српски општини (ЗСО) е законска обврска на Косово и дека не може да ја избегне таа одговорност. „ЗСО е меѓународно-правна обврска на Косово, Србија и Европската унија која го водеше процесот, а ние решивме да го поддржиме. Затоа, некоја страна или поединец не може да избега од таа одговорност“, изјави Ескобар за приштинските медиуми.

Тој додаде дека слушнал многу конструктивни предлози од граѓанското општество, како и истражувачки организации кои предложиле како ЗСО може да функционира без да се загрози функционалноста на Косово или Уставот и законите. „Тоа се партнерите што ќе почнам да ги барам за да ни помогнат да дојдеме до некои идеи и да ги демистифицираме и ублажиме некои од стравувањата што луѓето може да ги имаат за спроведувањето на тој договор“, рече Ескобар.

Прикажи повеќе