Десетици жители се евакуирани од два града на главниот јужен јапонски остров Кјушу, каде во неделата еруптираше вулкан, исфрлајќи пепел и големи камења во воздухот. Големи карпи паднале дури 2,5 километри од вулканот Сакураџима во јужниот дел на префектурата Кагошима, околу 1.000 километри југозападно од Токио. До утрово, 33 жители ги напуштиле своите домови и се упатиле кон установа за нега во побезбеден дел од областа, според градот Кагошима. Засега нема информации за штета или повредeni граѓани. Кратерот на вулканот од утрово не може да се види поради лошото време.
Advertisements