Талула Вилис (26) во ниту еден момент не се посомневала дека Дилан е тој вистинскиот…

Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур застана на лудиот камен – пренесуваат светските медиуми.

Актерката Талула Вилис, иако најмладата ќерка на поранешниот холивудски брачен пар, се согласи да се омажи за своето богато момче. Таа на својот профил на Инстаграм објави дека му „кажала да“ на Дилан Бус.

26-годишната Талула во ниту еден момент не се посомневала дека Дилан е тој вистинскиот, но не криеше ниту дека од запросувањето била изненадена и самата таа. Видно возбудена на рацете кои треперат од среќа, таа го покажа својот веренички прстен пред светот.

– Со апсолутно најголема сигурност – наместо стандардното „да“, изговори ќерката на Брус Вилис и Деми Мур и додаде:

– Сега конечно можам да те нарекувам „вереник“. Те сакам засекогаш Буски Лу, ти си мојот најдобар пријател, кажа Талула Вилис.