Џенифер Гејтс, 24-годишната ќерка на Бил Гејтс се пофали на социјалните мрежи дека ја примила првата доза од вакцината против ковид-19 и се пошегува констатирајќи дека за жал не ѝ бил вграден генијалниот ум од нејзиниот татко.

За жал, вакцината во мозокот не ми го вгради мојот генијален татко – кога барем мРНА би ја имала таа моќ“, напиша Џенифер на Инстаграм.

Џенифер, која студира медицина на факултетот во Њујорк, ги повика своите повеќе од 350 илјади следбеници да ја примат вакцината и да ги поттикнат своите семејства на тоа, бидејќи како што вели, колку повеќе луѓе ќе се вакцинираат, заедниците ќе бидат посигурни за сите.

Ќерката на Бил Гејтс нагласува дека ќе продлжи да носи маска или две маски и откако ќе ја прими и втората доза и ги повикува следбениците да го прават истото, а ако некому причината не му е разбирлива сама по себе, можат да ѝ се обратат за да им даде информативни извори.