Ериксен дефинитивно ќе мора да замине од Интер и од италијанскиот фудбал доколку данскиот плејмејкер сака во иднина да ја продолжи професионалната кариера.

Данецот колабираше на теренот за време на натпреварот против Финска и беше клинички мртов, но лекарите успеаја да го опорават и по операцијата беше пуштен на домашно лекување, со совет да заборави на фудбалот и продолжување на кариерата во Интер.

„Ако Ериксен го носи тој уред во себе, не може да игра во Серија А. Може да биде дел од калчото само ако му се тргне од срцето“, кажа Браконаро.

Ериксен се уште се наоѓа во фаза на рехабилитација, но данскиот плејмејкер не крие дека планира штом се опорави да се врати и на терените и да ја продолжи кариерата.