Кристијан Ериксен денес беше успешно опериран и се очекува да биде отпуштен од болницата следниот петок.

Ериксен колабираше минатата сабота на натпреварот помеѓу Данска и Финска, но брзата интервенција на лекарот и неговите соиграчи му го спаси животот.

Според сегашните наводи, тој нема да може да игра фудбал, но ќе може да води нормален живот со вграден дефибрилатор, кој ќе ги мери и контролира отчукувањата на срцето.

Со вградениот дефибрилатор, Ериксен и онака не би можел да игра во италијанската Серија А, но според последните информации, тој сигурно нема да остави ништо на случајот и повеќе да не биде на теренот.

Лусио Мос, претседател на Италијанското друштво за спортска кардиологија, за време на гостувањето во радиото Пунто Нуово зборуваше за правилата што им забрануваат на играчите во Италија да играат ако имаат инсталирано дефибрилатори.

„Постојат работи што можат да се избегнат дури и со највнимателни проверки, исто така затоа што истрагите се периодични, па може да се појави проблем од ваков вид помеѓу едната и другата проверка. Италијанските регулативи се најстроги во светот и затоа бројот на ненадејни смртни случаи за време на физичка активност е многу помал отколку во другите земји. Протоколите се многу строги, па се чини невозможно да го видиме Ериксен повторно во Серија А“, рече Мос.

Поранешниот играч за врска на Тотенхем со Интер го освои Скудетото пред да замине на Европското првенство.