Турција наскоро ќе ги нападне милитантите со тенкови и војници, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, повторно најавувајќи можна копнена офанзива против курдската милиција во Сирија.

Advertisements

Тој ја даде изјавата додека турската артилерија продолжи да ги гранатира курдските бази и други цели во близина на сириските градови Тал Рифаат и Кобани, изјавиле за некои светски агенции два сириски воени извори.

„Веќе неколку дена се бориме против терористите со нашите авиони, топови и оружје… Ако даде Господ, сите ќе ги истребиме што е можно поскоро, заедно со нашите тенкови, нашите војници“, рече Ердоган во говор во североисточна Турција.

Прикажи повеќе