Европскиот парламент денеска одлучи да им ги укине имунитетите на европратениците Андреа Коцолино и Марк Тарабела, поврзани со истрагата која стана позната како „Катаргејт“.

Во соопштението на ЕП се истакнува дека одлуката е на барање на белгиските власти кои го истражуваат случајот.

Како што јави БТА, пред неколку дена комисијата за правни прашања на ЕП едногласно го поддржа барањето на истражителите.

Прикажи повеќе