Откако во медиумите низ целиот свет се појави вест дека таа ќе посвои дете, односно дека веќе го започнала тој процес, се огласи и портпаролот на актерката Џенифер Анистон. Гласините, како што вели, започнале во Европа откако по долго очекување, повторно се собра целата екипа од „Пријатели“ со цел да ја сними специјалната епизода за „HBO Max“.

Потоа многу таблоиди пренесоа дека 52-годишната Џенифер Анистон, за време на собирот, на своите поранешните колеги од сетот им ја доверила оваа среќна вест дека веќе е во процес на посвојување на дете. Меѓутоа, се испостави дека сето тоа е лага.

Овие натписи ги демантираше и нејзиниот портпарол напоменувајќи дека тие се чиста измислица.

Инаку, низ годините, од едноставна причина бидејќи никогаш не се остварила како мајка, постојано се повторуваа натписите, но и фотографиите од кои се извлекуваа заклучоци дека актерката е бремена, а всушност тие ниту еднаш не биле вистинити. За тоа проговори и таа самата во интервјуто во 2017 година.

„Мислам дека најдобро за сите би било да се појави моја фотографија со рака на стомакот и јас да кажам – Конечно бремена“, изјави актерката.