Стилот не знае за годините…

Она што на жените може да им изгледа на „забрането“ да носат нешто на себе на некоја возраст, всушност е нивна сопствена одлука зад себе да го остават она за што сметаат дека повеќе не ги карактеризира ниту им одговара.

Фустаните со интензивни дезени, особено со цветниот принт, се најчесто избор на помладите дами, но никој не може да каже дека тие се забранети и за повозрасните дами.

Фустаните со ваков дезен се уникатен женски избор, кој не познава старосни граници. И неодамнешното појавување на 63-годината Енди Мекдауел го докажува тоа. Познатата актерка и поранешна манекенка, позираше со ќерката Раини, а таа носи миди плисиран фустан со цветен принт од пролетната колекција на Coach.

Нејзините сандали со „китен“ потпетици и кожна торба исто така му припаѓаат на истиот бренд.