Европската агенција за лекови (ЕМА) за првпат издаде официјална препорака за дополнителна доза на вакцина „Ковид-19“, објави „Дер стандард“.

ЕМА во понеделникот објави дека препорачува дополнителна доза на вакцини „бионтек/фајзер“ и „модерна“ што може да се даде на лица со сериозно ослабен имунолошки систем но најрано 28 дена по втората доза.

За луѓе со нормален имунолошки систем на возраст од 18 години и повеќе, може да се земе во предвид засилувачка вакцинација најмалку шест месеци по втората доза.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.