Eвропската агенција за лекови (ЕМА) објави дека за заштита од делта варијантата на коронавирусот неоходно е да се примат двете дози од вакцината. Европскиот регулатор ги повика земјите членки на Унијата да ги забрзаат програмите за вакцинација бидејќи делта сојот на вирусот забрзано се шири низ светот.

Advertisements

„Според прелиминарните податоци, две дози од вакцината се адекватна заштита од ковид-19. Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, пишува во заедничкото соопштение на ЕМА и на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ).

Прикажи повеќе