Наполи им се врати на победите во Серија А откако ја совлада Сампдорија со 0-2. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, одигра одличен натпревар, изнуди пенал и го реализираше за потврда на триумфот.

Advertisements

„Среќен сум поради голот од пенал. Почувствував дека ќе погодам и затоа тргнав да го реализирам. Но, најважно е што Наполи победи, ја вративме победничката атмосфера. Не беше лесно да се победи овој тим на Сампдорија кој играше со многу енергија. Ние покажавме дека сме одлична група која функционира како семејство. Се боревме за секоја топка, а ја покажавме и нашата ментална сила“, изјави Елмас.

Во следното коло, Наполи го пречекува Јувентус.

Прикажи повеќе