Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас преку социјалната мрежа Инстаграм, официјалниот профил на Наполи, одговараше на прашањата од фановите. Имаше навистина интересни одговори. На пример, откри дека неговиот идол е славниот Бразилец, Роналдињо, а желбата му е повторно со Македонија да игра на ЕП.

Елиф Елмас, играчот за врска на Наполи, одговори на неколку прашања преку Инстаграм профилот на Наполи. Ова се неговите зборови:

Еве дел од одговорите на Елмас за фановите:

Идол – Роналдињо

Омилена храна: Пица

Европско првенство: Искуството беше прекрасно, импресивно. Се надевам дека повторно ќе играме на Европско првенство.

Најубав момент: Најубав момент во Наполи беше триумфот во Купот на Италија.

Први тренинзи за нова сезона: Првите тренинзи се одвиваат добро, работиме напорно и среќни сме.

Број на дрес: Да го носам дресот со број 7, ми дава голема мотивација затоа што овој број го носеле многу големи играчи.