Денес Хрватска беше погодена од низа земјотреси кои нанесоа големи штети во одделни градови и региони. Во најсилниот земјотрес со јачина од 6,2 степени многу луѓе го загубија својот дом, но за жал имаше и човечки жртви.

Целата стравична ситуација ја почувствува и актерката Јелена Јованова која го раскажа ова лошо искуство.

Македонската актерка Јелена Јованова со својот сопруг и син живее во Хрватска, а денес на социјалната мрежа Фејсбук го сподели страшното искуство со новиот бран на земјотреси со кои се соочи Хрватска.

„Живи и здрави сме! Психички се оштетив ми се чини за цел живот! Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре! Не можам на сите да пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа! Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров над глава! Чувајте се! Верувам ќе помине и ова и ќе биде конечно добро“, напиша таа во својот Фејсбук статус.

Фото: Фејсбук