Трета доза на вакцината „АстраЗенека“ произведува силен имунолошки одговор против Ковид-19, објавија медицински експерти од Универзитетот Оксфорд кој заедно со компанијата работеше на оваа вакцина.

Сепак, засега нема потврда дека е потребна уште една доза, особено со оглед на недостигот на вакцини во некои земји.

Студија од Универзитетот во Оксфорд покажа дека третата доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот одговор на антителата, додека имунизацијата со втората доза може да се одложи до 45 недели и исто така придонесува за зајакнување на имунитетот.

Истражувачот од Оксфорд, Ендру Полард, рече дека е потврдено дека оваа вакцина обезбедува заштита од сегашните варијанти на коронавирусот корона на подолг временски период, што, како што истакна, значи дека дополнителни дози на вакцини не треба.

-Треба да бидеме во позиција каде што би можеле да дадеме дополнителни дози доколку се покаже дека е потребно – но во моментот немаме докази дека тоа може да биде случај. Во моментот, голем број британски граѓани се целосно имунизирани. Значи, давањето трети дози, додека некои земји сè уште немаат вакцини против коронавирусот, не е прифатливо – рече Полард.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.