Поранешниот министер за финансии Никола Поповски, и универзитетските професори Борче Треновски и Марјан Петрески се владините предлози за нови неизвршни членови во Советот на Народната банка. Предлогот беше соопштен на вчерашната владнина седница.

Советот на НБРМ е тело во кое членуваат девет ченови, од кои еден е гувернерот и три вицегувернери. Останатите членови се неизвршни членови со мандат од седум години. Ова тело ја има главната улога за одлуките на оваа институција, односно ја дефинира и ја усвојува монетарната политика како и политиката на девизнот курс на НБРМ.

– Advertisement –

Прикажи повеќе