Руската вселенска агенција соопшти дека членовите на екипажот на Меѓународната вселенска станица ја проверуваат руската капсула која можеби претрпела штета од удар на метеорит. Драматичните видео снимки покажаа, како што велат инженерите, како амонијак истекува во вселената во близина на орбиталната станица. Руската вселенска агенција, Роскосмос соопшти дека седумчлениот екипаж на станицата, во кој има Руси и Американци, користела камера на роботска рака од Канада, за да ја испита капсулата Сојуз МС-22. И руската агенција и нејзиниот колега од САД, НАСА, изјавија дека проблемот не претставува никаква опасност за екипажот.
Но, истекувањето навистина ги натера властите да ја отстранат планираната вселенска прошетка на руските космонаути. Руската агенција соопшти дека една опција што се разгледува е да се забрза лансирањето на уште една капсула Сојуз. Следниот Сојуз треба да биде лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан во март, но официјалните лица би можеле да го испратат порано без екипаж. Тоа би овозможило дел од екипажот кој сега е на вселенската станица да се врати дома. Руски вселенски претставник минатата недела изјави дека микрометеорит можел да го предизвика истекувањето. И покрај тензиите околу руската инвазија на Украина, Москва и Вашингтон продолжија со партнерство во истражувањето на вселената и одржувањето на застарената вселенска станица што орбитира.