Петар Колев

Зошто нема ниту еден даскал или свештеник од грчката или српската црковна и образовна пропаганда кој денес е македонски херој, опеан во песни или во химната на Македонија?

Македонската историографија на многу места одбележува, а помеѓу старото поколение историчари воспитани и изградени како научници во Југословенскиот образовен систем постои консензус односно тоа дека во Македонија дејствувале три пропаганди а имено бугарската, српската и грчката.
Инструментот на дејствување се соодветните цркви и образовни институции (бугарска, грчка и српска).

Ако погледнеме реално тоа би значело дека инструмент и директно оружје преку кое се спроведувала туѓата пропагандата соодветно се учителите во училиштата и свештениците во црквите.

Нема да навлегувам во начинот по кој се создадени соодветните институции, но би направил осврт не еден чуден и нелогичен парадокс.

Зошто немаме ниту еден учесник во ВМРО, нема ниту еден македонски војвода или комита учесник во Илинденското востание, застапник на идејата за Автономна Македонија, кој е дел од грчкиот или српскиот образовен и духовен систем?

Не е ли малку парадоксално, ако се има во предвид дека оружјето на тие туѓи пропаганди биле учителите и свештениците, кои дејствувале на терен помеѓу населението и ги спроведувале тие пропаганди, кога станува збор од денешна перспектива, сите македонски револуционери и општественици од тој период биле или се бореле да бидат дел од бугарската егзархија?

Како тоа Георги (Гоце) Делчев, Даме Груев, Тодор Александров и многу други, се македонски национални херои, а истовремено со тоа се и оружје на бугарската егзархија и „пропаганда” како учители во бугарските егзархиски училишта?

Овие прашања и дилеми се сосема логичен резултат на конфузност во историските тези. Македонските научници, особено новото поколение, има долг кон општеството да одговори логично како е возможна оваа појава. Голите факти се јасни, но дали „толкувањето” на истите е правилно е нештото кое создава нелогичности.