Почекавме да заврши и последниот натпревар од групата „Х“ на Светското првенство, Словенците славеа против Белорусија со 29:25, иако на полувремето беше нерешено 15:15.

Во победничките редови осум голови запиша Јанц, еден помалку Доленец, а на спротивната страна Каралек имаше седум голови.

На конечната табела Русија ја освои првата позиција со пет бодови, пред Словенија (четири), Белорусија (три), овие првопласирани три одат во вториот круг, додека Јужна Кореја со трите порази се сели во „Президент купот“.

Веќе е формирана новата група „4“ во главната фаза на Мундијалот, а таму ќе се најде и македонската репрезентација која ќе биде единствената без бодови.

Брестовац: Бековите беа навистина добри, во вториот дел ја подобривме одбраната!

Веќе е и познат распоредот нашите најдобри ракометари кои ќе играат во истата сала во Каиро, стартуваме в среда против Словенија, па на 22 јануари се среќаваме со Русија и завршуваме на 24 јануари против Белорусија.

Доколку сакаме да бидеме меѓу првопласираните две селекции во оваа група и бидеме дел од четвртфиналето на СП ќе мора да оствариме три максимални победи.

Светско првенство Египет 2021

Главна фаза, група „4“

Табела:

1. Шведска 4 бодови
2. Русија 3
3. Египет 2
4. Словенија 2
5. Белорусија 1
6. Македонија 0

Двојки –

20 јануари
Шведска-Белорусија
Русија-Египет
Македонија-Словенија

22 јануари
Египет-Белорусија
Словенија-Шведска
Македонија-Русија

24 јануари
Русија-Шведска
Словенија-Египет
Белорусија-Македонија