Заменикот на општинската обвинителка во Славонски Брод, Хрватска, Фрањо Копуниќ, за хрватските медиуми потврди дека на возачот на автобусот од Косово, кој се преврте, при што загинаа 10 лица, му е одреден 30-дневен притвор.

Истрагата за несреќата се води во Хрватска, а при самиот увид наводно возачот признал дека задремал зад воланот.

Косовскиот автобус кој се сообраќај од Франкфурт кон Приштина и во кој се возеле косовски државјани кои се враќале на одмор, се преврте пред неколку дена во близина на Славонски Брод, при што загинаа 9 патници и еден возач. Над 40 беа хоспитализирани.