Поранешниот американски претседател Доналд Трамп присуствуваше на собир на републиканците во Северна Каролина. Но, она што најмногу го привлече вниманието и на гледачите и на корисниците на социјалните мрежи беа неговите панталони.

Снимката од митингот на Трамп во петокот во Гринвил, Северна Каролина, брзо се прошири на Интернет, покажувајќи дека панталоните на Трамп изгледаат стуткано и малку чудно, а сите забележаа дека нема ниту патент. Затоа, корисниците заклучија дека Трамп ги носел панталоните наопаку.

-Доналд Трамп го одржа својот голем говор денес со панталоните наопаку. Погледнете одблизу и кажете ми дека грешам, објави на Твитер колумнистот на Њујорк Дејли уз, Брендон Фридман.

„Тој изгледа како да се бори со инконтиненција и мора брзо да ги соблече панталоните“, напиша едно лице.