Легендарната холивудска актерка, 83-годишната Џејн Фонда во новото интервју кое го даде за „Pomellato“, откри како активизмот и го променил животот.
Актерката по повод Меѓународниот ден на жените одлучи да проговори за активизмот, со цел да освести и мотивира уште многу други жени.
„Немав цел во животот, се додека пред 60 години не одлучив да се вклучам во важните акции чија цел беше да се промени светот“, изјави Фонда.
Актерката исто така истакна и дека смета дека за опстанокот на нашиот вид одговорни се токму жените и дека тие треба да бидат предводнички на овој тренд ширум светот.
„Знам колку човекот може од темел да промени сè, бидејќи јас го сторив тоа“, изјави таа потсетувајќи се на траумите кои ги поминала во животот и на тоа како закрепнала од нив, а потоа го променила животот.
„Верувам дека е исклучително важно, кога ќе ги почувствувате траумите на своја кожа, да сфатите зошто тие се тука, да ги согледате и да настојувате да му простите на тој кој ви ги нанел. Тоа е најважното од се“, истакна Фонда.
Актерката инаку се пресели во Вашингтон со цел да може да го спроведе својот активистички проект „Fire Drill Fridays“ преку кој секоја недела се фокусира на некој друг аспект од климатските промени.
„На луѓето им е потребна смисла во животот. Јас пред ова, ја немав таа смисла. Активизмот е радост, јас можам да го видам и почувствувам, ете толку ми го промени животот“, истакна Фонда која поради својот активизам досега беше уапсена неколку пати.
Што се однесува на улогата на жените во зачувување на светот, на човековиот вид, Фонда смета дека тие се помалку подложни на себичниот индивидуализам, и дека поодговорно се однесуваат не само во настојување да го заштитат своето семејство, туку и заедницата, градот, државата, нацијата…
„Ние жените сме во водечка позиција и ние ќе носиме одлуки. Ние сме најбрзо растечка демографска група, не има повеќе од мажите. Мора да сфатиме дека мора да се обединиме, да се организираме. Индивидуално, целосно сме ранливи, но кога ќе се обединиме и организираме, ќе го промениме светот“, заклучи Џејн Фонд.