Познатата светска дива Џенифер Лопез, иако навлезе во шестата деценија, изгледа совршено. На голема радост на многу жени ширум светот, пејачката и актерка, која многумина ја сметаат за една од најубавите жени во светот, ја откри тајната за својот младолик изглед.
Од своите дваесети години, Џеј Ло користи крема за сончање со фактор 30, која ја штити нејзината кожа од штетните УВ зраци кои поттикнуваат стареење на кожата.
Џенифер тврди дека никогаш не го прескокнува овој важен чекор кој и помага да го одржи младешкиот изглед.
Покрај тоа, 51-годишната ѕвезда откри која храна никогаш не ја консумира, бидејќи кога би ја консумирала, тврди дека би изгледала многу постаро.
Тоа се супите од кеса кои се полни со натриум кој ја впива водата од нашето тело. Дехидратацијата ја суши кожата, поради што често се појавуваат брчки.
Јадете супи со висока содржина на квалитетен зеленчук или супи подготвени од месо, со што е можно помалку конзерванси и сол.
Лопез тврди дека покрај супата од кеса ги избегнува и енергетските пијалоци, но и газираните, бидејќи содржат шеќер и кофеин, две супстанци кои вопшто не се добри за нашата кожа.
Пробајте и вие, можеби ќе ви успее да изгледате помладо!