Во заедничка операција на американските и австралиските агенции за борба против наркотици, разбиена е меѓународна шверцерска мрежа и запленети 2,4 тони кокаин на брод кој превезувал дрога од Јужна Америка во Австралија.

Запленетиот кокаин, поврзан со мексикански нарко-картел, има улична вредност од околу милијарда австралиски долари (677 милиони американски долари) и е еквивалентно на половина од проценетата годишна побарувачка на Австралија, што ја прави заплената една од најголемите, остварена од австралиската полиција.

Државната полиција на Западна Австралија денеска соопшти дека 12 осомничени се уапсени и обвинети.