Англиската фудбалска Премиер лига соопшти денеска дека во последниот круг тестирања потврдени два нови случаи на зараза со коронавирус.

Согласно здравствените протоколи, заразените во следните десет денови ќе останат во самоизолација.

Како што пренесува Би-Би-Си, во периодот од 8 до 14 март тестирани биле вкупно 2.664 фудбалери и други членови на екипите во Премиер лигата.

Раководството на Лигата соопшти изминатиот викенд дека последните две кола во англискиот шампионат ќе се играат во присуство на публика, со ограничен капацитет на исполнетост на стадионите до максимум 10.000 луѓе.