Две кривични дела за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик се констатирани при контрола на возила што вршат превоз на ученици, извршена во текот на вчерашниот ден.

На вонреден технички преглед се упатени 18 возила. При контролата констатирани се и 65 сообраќајни прекршоци. Од нив осум за возење без возачка дозвола, еден за неносење сигурносен појас.

Акциската контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, се спроведе за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.