Дубаи го укинува данокот за алкохол од 30 отсто и прекинува со наплатата на дозволите за консумација кои мора ги поседува секој што планира да пие. Ова е само продолжение на ублажување на строгите рестрикции откако претходно беше дозволена продажба на алкохол за време на Рамазан и беше одобрена достава на домашна адреса во текот на пандемијата со ковид-19.
Целта на ваквите законски измени е да за зголеми туристичката активност односно Дубаи да стане попривлечен за странците.
Очекувањата на компаниите кои дистрибуираат алкохол се дека со последните законски измени за укинување на данокот веројатно ќе се намалат и цените за крајните потрошувачи.
Според актуелните закони во Дубаи, лицата кои не се муслимани мора да имаат наполнето 21 година за да може да консумираат алкохол, но мора и да поседуваат дозвола за алкохол која во форма на пластична картичка ја издава полицијата. Баровите и ноќните клубови ретко бараат од гостите увид во картичките, но во случај некој да биде фатен да пие алкохол без дозвола ќе се соочи со парична или затворска казна.