Од Берлин, вирусологот Андреј Трампуж се вклучи во Утринската програма на Србија и рече дека земјите мора да сторат се што можат за да избегнат катастрофа, особено кај младите, а потоа објасни и зошто.

Вирусот се шири брзо, сите мерки сега се построги, засега знаеме дека е за 35 отсто позаразен, се шири експоненцијално, рече Трампуж.

Дали има разлика во клиничката слика?

Андреј Трампуж

За среќа, не е поопасен, клиничката слика е потполно иста, но се шири побрзо, затоа имаме поголема грижа, самиот вирус не е поопасен, но ситуацијата е, затоа што побрзо се шири со грешките во опуштање на мерките, побрзо ќе се рашири кај младите луѓе, тие ќе ги полнат болниците и ќе умираат. Иако стапката на смртност е помала кај помладите, но ќе имаме не 10.000, туку 100.000 заразени лица на ден, ќе имаме катастрофа. Најдобро е тие бројки да се сведат на нула, да се потисне вирусот во наредните недели и потоа да се вратиме во нормален живот со вакцинацијата, рече тој.

Тој препорача да се носат „подобри маски, не хируршки, туку FFP2“, избегнување контакти и почитување, ако не и заострување на мерките.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.