Џозеф Баен на паркингот ја покажа својата омилена поза во бодибилдингот, а погодете кој е познат по таа поза….

Џозеф Баен, вонбрачниот син на Арнолд Шварценегер кој го доби вршејќи прељуба со домашната помошничка, решил да ги следи стапките на својот татко, кој некогаш беше бодибилдинг шампион. Ова младо момче редовно оди во теретана, а на Инстаграм сака да се пофали и со резултатите од вежбањето.

Instagram

Џозеф сега објави ново видео на паркиралиштето каде стои без маица и ги покажува своите моќни мускули.

Неговите фанови секојднено му пишуваат колку тој всушност наликува на својот татко, а и светските медиуми редовно коментираат дека на Арнолд Шварценегер единствено за Џозеф не му е потребен тест за ДНК, бидејќи тој буквално е негова копија.

„Ги учам момците на лекцијата за позирање“, напиша Баен.

Џозеф потоа ја покажа својата омилена поза во бодибилдинг.

Погледнете го видеото…