Лука Дончиќ го предводеше Далас до нова победа, овојпат на домашен терен над Феникс со 130-111, Словенецот повторно беше на своето високо ниво. Далас по подолго време врза две победи, по триумфот над Њујорк, сега го победија и одличниот состав на Феникс.

Advertisements

Од почетокот на сезоната Лука Дончиќ игра во МВП форма, таков беше и синоќа кога на Феникс му даде 33 поени и беше најзаслужен за триумфот на Далас. За Словенецот ова беше 17. меч оваа сезона како постигнува над 30 поени, во 22 одиграни натпревари.

Најефикасен во составот на Феникс беше Ајтон со 20 поени, скромен учинок имаше Букер, само 11 поени.

Прикажи повеќе