Во Основното училиште, Христо Узунов во Охрид денеска беше пуштено во употреба повеќенаменско спортско игралиште, кое е донација на видеолотарија Касинос Австрија во вредност од 3 милиони и 300.000 денари.Станува збор за донација која е дел од проектот на компанијата „Играј со најдобрите“. Станува збор за петто вакво игралиште во земјава, по оние во Свети Николе, Битола, Гевгелија, Лојане.
„Со оваа донација овозможивме да се направи нова подлога, да се обезбедат спортски реквизити и на тој начин да им овозможиме на дечињата да го изградат својот спортски дух, во рамките на своите училишни обврски и надвор од своите училиште обврски, овде во основното училиште Христо Узунов.Ќе имаме уште многу, затоа што сакаме да го градиме спортскиот дух“, рече Вики Чадиковска, маркетинг директор на Видеолотарија Касинос Австрија.