До­кол­ку во по­след­но вре­ме и не се чув­ству­ва­те баш нај­добро, ве ма­чи не­со­ница, се чув­ству­ва­те нап­на­то и има­те сè по­за­чес­те­ни па­нич­ни на­пади, се­то тоа мо­же­би е ре­зул­тат на не­дос­та­то­кот на ви­та­ми­нот Б6 во те­лото.

Па­нич­ни­те на­па­ди мо­же да се ја­ват ко­га ни­во­то на се­ро­то­нин во ор­га­низ­мот е мно­гу ниско, па лич­нос­та не чув­ству­ва ни­как­ва среќа.

За жал, ан­кси­оз­нос­та де­нес прак­тич­но е сос­та­вен дел од жи­во­тот на ре­чи­си се­кој чо­век. Не­кои лес­но се спра­ву­ва­ат со неа, но дру­ги ги „држи“ мно­гу долго.

Оп­што­то ан­кси­оз­но на­ру­шу­ва­ње нај­чес­то оди „под рака“ со па­нич­ни­те на­пади. По­ра­ди не­мож­нос­та да се кон­тро­ли­ра­ат чув­ствата, ли­це­то чув­ству­ва страв, па­ни­ка и е спре­че­но нор­мал­но да фун­кци­о­нира. Во тој мо­мент во те­ло­то се слу­чу­ва и фи­зич­ки и мен­та­лен стрес, а не­ко­гаш е пот­реб­на ду­ри и ле­кар­ска по­мош за да се ин­тер­ве­нира.

Па­нич­ни­те на­па­ди мо­же да се ја­ват ко­га ни­во­то на се­ро­то­нин во ор­га­низ­мот е мно­гу ниско, па ли­це­то не чув­ству­ва ни­как­ва среќа. До­кол­ку оваа сос­тој­ба пот­рае, до­а­ѓа до ан­кси­оз­ност и деп­ре­сија. Се­ро­то­ни­нот се син­те­ти­зи­ра од ами­но­ки­се­ли­на­та трип­то­фан, а про­це­сот го пот­по­ма­га­ат ви­та­ми­нот Б6 и же­ле­зото.

От­кри­ти­е­то де­ка овој ви­та­мин мо­же да вли­јае врз рас­по­ло­же­ни­ето, па­нич­ни­те на­па­ди и ан­кси­оз­нос­та да­ва на­деж де­ка мо­же да се нај­де бр­зо и лес­но ре­ше­ние ко­га тие сос­тој­би ста­ну­ва­ат непод­нос­ливи.