Пулмологот Дејан Докиќ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека тој е апсолутно против давање антибиотик на Ковид пациенти.

Јас сум против давање антибиотици. Апсолутно нема никаква индикација да се даде антибиотик за вирусна инфекција. Напротив, може да штети, во фаворизирање на резистентни соеви. Нерационалното давање антибиотици доведе до поголема резистентност на одредни бактерии. Ние викаме дека не треба да се препишуваат.
Само онаму каде што има докажано бактериска инфекција, накалемена на вирусната. Врз основа на ЦРП и историја на болеста, матичните лекари може да препознаат дали има и бактериска инфекција, вели Докиќ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.