акометната репрезентација на Македонија по откажувањето на Чешка и официјално ќе биде дел од Светското првенство во Египет и ќе биде сместена во групата Г заедно со домаќинот, Шведска и Чиле.

Првиот натпревар, избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе го играат задутре од 20.30 часот, а два дена подоцна противник е Египет. Во последното трето коло, на 18. јануари Македонија ќе игра против Чиле со кого изминатава недела во Скопје одигра два натпревари и без проблеми победи.

Најдобрите три селекции од групата се вкрстуваат со групата Х, каде што се наоѓаат Словенија, Белорусија, Русија и Јужна Кореја.