Младиот фудбалер на Барселона, Педро Гонзалес Лопез или попознат како Педри ја игра својата прва сезона во Барселона и доста импресионира.

Има само 18 години, но оваа сезона играше на 30 натпревари во сите натпреварувања. Тој брзо ги освои навивачите, кои веруваат дека со Ансу Фати ќе биде иднината на клубот.

Барселона го договори неговиот трансфер летото 2019 година за само пет милиони евра од Лас Палмас, а сегашниот договор со Каталонците важи до летото 2022 година. Сепак, Барса има опција или клаузула дека може да ја активира дополнителни две сезони.

Шпанците ќе му понудат комплетно нов договор на Педри до летото 2026 година, а неговата клаузула за обештетување ќе биде неверојатни 400 милиони евра.

Со оглед на таа бројка, се чини дека тој е неверојатен талент и играч кој ќе има одлична кариера.