Четириесет отсто од населението во Србија ќе биде вакцинирано до крајот на април.

До понеделник ќе пристигнат повеќе од 660 000 вакцини, најави премиерката Ана Брнабиќ. Вели дека 1.039.000 луѓе досега ги примиле двете дози на вакцина во Србија. Претседателот на државата, Александар Вучиќ ќе се вакцинира во вторник, со што ќе се отвори вториот круг на вакцинација.

„Долго чекавме за системот Ковакс. Добро е што се организиравме и сериозно размислувавме да имаме билатерални договори со производителите и да добиеме речиси 2,5 милиони вакцини“, рече Брнабиќ.

Србија донираше вакцини за Македонија. Кризниот штаб на Србија одлучи да дозволи отворање на терасите на угостителските објекти од понеделник, со посебни мерки, како и продолжување на работата на продавниците до 22 часот.