ОВЕН

Не преувеличувајте ги работите и не драматизирајте за секоја ситница. За сè постои решение, само треба да се потрудите. Ќе имате шанса да ги покажете вашите способности, бидете храбри и не двоумете се. Време е да ги покажете картите заедно со вашиот партнер. Ако сте слободни, другите луѓе ќе имаат разбирање.

БИК

Сакате да се чувствувате корисно, па ќе им помагате на сит е околу вас. Не обидувајте се по секоја цена да добиете одобрување од другите и не се двоумете. Не се плашите од натпревар на професионално поле. Ќе научите многу нови работи за љубовниот живот само од дискусии.

БЛИЗНАЦИ

Верувањето во сопствените идеи ве прави тврдоглави, но на позитивен начин. Тоа ќе ве доведе до интересни дискусии, а ентузијазмот во вас ќе го забележат сите во околината. Ве очекуваат добри вести на професионално поле и ќе пристигнат во вистинско време. Хармонијата се враќа на љубовно поле и промените ќе бидат забележливи.

РАК

Имате потреба од динамичност и може да донесете некои избрзани одлуки, па потрудете се да бидете пообјективни во изборот. Ќе напредувате многу брзо во работата и ќе редите успеси. Трудот што го вложувате може да предизвика љубомора кај другите, но игнорирајте ги.

ЛАВ

Една личност со која досега сте негувале само пријателски односи ќе започне да ве привлекува на романтичен начин. Сепак, можно е да не сте заинтересирани за започнување на нова врска, туку само ќе флертувате со него и тоа многу ќе ве расположи. Облекувајте се потопло.

ДЕВИЦА

Ќе бидете склони да се коцкате на професионален план, а токму смелите потези ќе ви ги донесат најдобрите награди. Некои девици ќе го прошират својот бизнис, а други ќе основаат нов. Во љубовта ќе бидете поотворени за експериментирање. Можно е одеднаш да се вљубите во некој што сте велеле дека не е ваш тип.

ВАГА

Сериозните партнерства и обврзувањето, ве „туркаат“ кон нови почетоци. Не сте во врска? Марс ќе ве поттикне да бидете многу посмели од обично на љубовен план. Доколку сте во врска, секој слободен момент ќе го користите за да уживате во прегратката на саканиот. Очекувајте жешка вечер иако температурите надвор опаѓаат.

СКОРПИЈА

Ги привлекувате луѓето околу вас без воопшто да бидете свесни за тоа. Бидете флексибилни и ќе ја почувствувате потребната слобода. Пресвртот на настаните ќе ви помогне да ги развиете идните професионални проекти. Перфекционизмот фокусирајте го кон себе на љубовен план.

СТРЕЛЕЦ

Ќе станете свесни за минатите грешки и ќе имате потреба да се доверите некому. Не воздржувајте се. Ќе соработувате со колегите и ќе постигнете успех во професионалните проекти. Бидете внимателни на кој начин ги изразувате желбите кон партнерот. Покажете храброст и не се сомневајте во своите одлуки.

ЈАРЕЦ

Ќе бидете магнетски привлечни! Сексапилниот Марс влезе во вашиот знак. Ќе ги заведувате туѓите погледи, бидејќи Марс постојано ќе ви ја зголемува привлечноста. Доколку претходно ви се чинело дека никој не е заинтересиран за вас, сега ќе го откриете спротивното.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува период на гламур и романса, зголемувајќи ја вашата желба за забава и нови љубовни доживувања. Време е да му дозволите на срцето да ве води. Оние Водолии кои се во врска ќе почувствуваат зголемено либидо. Очекувајте зголемување на ноќите поминати во интимна атмосфера.

РИБИ

Сакате да комуницирате, поттикнувајќи го и партнерот отворено да разговарате за вашите желби, потреби и фантазии. Не сте во врска? Ќе паднете на шармот на лице од вашето место на живеење. Тоа може да биде ваш пријател или некој што сте го запознале онлајн