Дизелот од полноќ поевтинува за три денари, а цената на бензините останува иста. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на дизелот ќе биде 92 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена 84,50 денари, а Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 денари и ќе се продава по 89 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот за 1,082 денари и киограм ќе чини 50,391 денатр. Со најновата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38 проценти.