Лајпциг нема да може уште долго да го задржи Дани Олмо и Јошко Гвардиол во тимот, но спортскиот директор на германскиот клуб, Макс Еберл во изјавата за ”Sky Sport Deutschland” ги смири навивачите.
Шпанскиот играч за врска има договор до 2024. Не недостигаат понуди за 24-годишниот фудбалер, но Лајпциг работи на потпишување на нов договор со него, додека Реал Мадрид врши притисок врз хрватскиот дефанзивец.
ОЛМО
„Сакаме да му го обновиме договорот, тоа е јасно. Овде порасна многу. Неговите настапи предизвикуваат бранови. Оптимист сум за постигнување нов договор“.
ГВАРДИОЛ
„Со активирање на опцијата за продолжување на договорот, ги имаме сите детали на договорот во рака. Клубот заврши извонредна работа. Воопшто не сме заинтересирани да го продадеме на лето“.
Реал понуди 120 милиони евра за 20-годишниот загрепчанец, кој е интересирен и за Манчестер Сити и Челзи.
Лајпциг е трет во Бундеслигата со 28 бода, шест помалку од лидерот Баерн.